Ruslan Rehimov
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска, во рамки на контранападот што го започна откако ерменските сили отворија оган врз цивилните населени места во Азербејџан, ослободи некои населени места од окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за обрана на Азербејџан, Анар Ејвазов, на прес-конференција истакна дека азербејџанската Војска ја презела контролата врз некои села, кои долго време биле под окупација, како селата Караханбејли, Гервенд, Ќој Гередиз и Горно Абдурахманли во подрачјето на Фузули, и селата Големо Мерџанли и Нузѓар во подрачјето на Џебрајил.
Ејвазов нагласи дека преземена е и контролата врз некои стратешки висорамнини во селата Агдере и Муровдаг.
Според него, продолжуваат операциите за ослободување и на останатите населени места.
Од друга страна, Советот за безбедност на Азербејџан организираше состанок под водство на претседателот Илхам Алијев.