Ömer Tuğrul Çam
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) повика на итен прекин на судирите од линијата на фронтот меѓу Азербејџан и Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата писмена изјава, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика, изрази жалење за воените и цивилни жртви на фронтот во Нагорно Карабах.
„ЕУ повикува на итен прекин на конфликтите, намалување на тензиите и строго почитување на примирјето“, рече Борел, додавајќи дека страните итно треба да се вратат на преговори без предуслови под покровителство на Минската група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Од Министерството за одбрана на Азербејџан беше соопштено дека ерменската Армија утрово извршила широка провокација по должината на фронтот и со артилерија ги нападнала позициите на азербејџанската Армија и цивилните населби.
Исто така беше наведено дека Командата на азербејџанската Армија одлучила да спроведе контранапад по целиот фронт за да се осигури безбедноста на цивилното население.