Ruslan Rehimov
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
БАКУ (АА) - Воената команда на Азербејџан го повика командантот на гарнизонот на Ерменските вооружени сили во окупираниот регион Агдере да не се спротивставува и да се предаде, со цел да се спречи загубата на човечки животи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека доколку ерменскиот гарнизон се предаде, третманот на воените затвореници и цивилните заложници ќе се изврши во согласност со Женевската конвенција и другите меѓународни правни норми.
Исто така, Министерството нагласува дека ако ерменските сили продолжат со отпорот, сите наоружани лица ќе бидат неутрализирани.