Kasım İleri
22 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп изјави дека вооружувањето на наставниците може да биде добра превенција од оружени напади, како што беше неодамнешниот случај во средното училиште во Флорида во кој поранешен ученик уби 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во Белата куќа ги прими родителите и учениците кои го преживееја оружениот напад во Паркланд.
Откако ги сослуша учениците за тоа што го преживеаја за време на нападот, Трамп истакна дека напаѓачот би бил порано спречен доколку меѓу наставниците имало некој што знае да користи оружје.
Американскиот претседател Трамп тврди дека наставниците за време на нападот биле принудени да бегаат од школото, но дека би имале можност да го спречат напаѓачот доколку би носеле оружје со себе.
Потсетувајќи дека полицијата во училиштето стигнала осум минути по започнувањето на нападот, Трамп рече дека во наредниот период ќе биде разгледано да се издаде дозвола за носење оружје за најмалку 20 проценти од наставниците во американските училишта.
„Наставниците оружјето ќе го носат прикриено. Тие ќе поминат посебна обука, така што за манијаците веќе нема да има слободна зона за употреба на оружје“, порача Трамп.