Mohamad Misto
22 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во Источна Гута, подрачје кое режимот на Асад го држи под блокада, бројот на загинати цивили во последните 3 дена ја надмина бројката од 250 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА во Источна Гута, режимот на Асад во последните 3 дена, врз подрачјето на Источна Гута спроведува копнени и воздушни напади, користејќи секаков вид оружје, првенствено барелни бомби.
Бројот на загинати цивили во последните 3 дена е поголем од 250, додека изведени се повеќе од 260 напади.
Авионите на режимот во последните 3 дена бомбардираа 22 здравствени центри, а вчера со барелни бомби ја нападнаа и џамијата Нур во градот Дума.
Во подрачјето се упатени повици за итно донирање крв.
Регионалниот дописник на АА известува дека нападите продолжуваат и денеска, додавајќи дека сѐ уште не се знае бројот на загинатите.
- 400.000 цивили под блокада -
Во подрачјето на Источна Гута кое е под контрола на опозицијата живеат околу 400.000 цивили.
Источна Гута со договорот во Астана беше прогласена за зона без судири. И покрај тоа, припадниците на режимот на Асад, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година интензивирана е блокадата на регионот, а во последните неколку месеци, нападите стануваат сè понасилни.
Хуманитарната криза во источниот дел на Гута се зголемува од ден на ден, а на илјадници цивили им е потребна евакуација. Повеќето цивили кои имаат потреба од итна евакуација се деца и лица заболени од карцином, чија болест е во понапредна фаза. Покрај тоа, голем број бебиња и деца во Источна Гута починаа од глад и немањето можност да добијат соодветно лекување.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, претходно имаше соопштено дека е длабоко загрижен за состојбата на 400.000 цивили кои се изложени на воздушните напади во Источна Гута, нагласувајќи дека на 700 лица им е потребна медицинска евакуација.