Ekipa
21 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
ПАРИЗ (АА) - Владата на францускиот претседател, Емануел Макрон, го претстави денес предлог-законот со кој би се воспоставиле построги правила за мигрантите, при што ваквите мерки кон барателите за азил, организациите за заштита на човекови права ги оценуваат како репресивни, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата наведува дека целта на законот е да се забрза протерувањето на луѓето кои не го остваруваат правото на азил. Со законот исто така сакаат да се пружат подобри услови за оние на кои им е дозволено да останат во земјата.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерард Коломб, изјави дека планот е избалансиран и усогласен со европските процедури.
Според тој план ќе биде скратен периодот на разгледување на барањата за азил на максимални шест месеци, со сегашните околу една година, сметајќи ги и жалбите.
Активистите за заштита на човекои права сметаат дека забрзаниот процес ќе им отежни на барателите на азил да се борат за своите права.
Со новиот закон исто така се предвидува продолжување на траењето на притвор на 90 дена, наместо моменталните 45, како и казна од 3.750 евра за илегален премин на границите во Шенген зона.
Одредени организациии кои помагаат на мигрантите повикаа денес на протести за да ја осудат политиката на владата која ја крши слободата на мигрантите.
Според официјалните податоци, во Франција во 2017 година повеќе од 100.000 лица аплицираа за азил, што е 17 отсто повеќе во однос на претходната година.
Најмногу барања за азил предадоа државјаните на Албанија, Авганистан, Хаити и Судан.
Околу 36 отсто од оние кои поднесоа барање за азил, добија статус на бегалци.
Францускиот Парламент за споменатиот предлог-закон ќе дискутира во април.