Elvir Hocic
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа со сопругата Меланија и синот Барон првпат отпатуваа во претседателската резиденција Кемп Дејвид во северната американска сојузна држава Мериленд, јавува Anadolu Agency (AA).
Резиденцијата Кемп Дејвид се наоѓа на планината Катоктин, и од Белата куќа е оддалечена околу 100 километри.
Ова ќе биде првиот викенд на Трамп што ќе го помине во претседателската резиденција, а досега се одмараше само во своето луксузно одморалиште Maр-а-Лаго на Флорида.
Кемп Дејвид не е толку раскошен, но поради својата едноставност и тишина беше омилено одморалиште на многу американски претседатели, меѓу кои беа и Френклин Рузвелт, Џон Кенеди, Џими Картер, Џорџ Буш и Барак Обама.