Şenhan Bolelli
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
МАДРИД (АА) - Искусниот шпанскиот матадор Иван Фандино, почина од здобиените повреди што му ги нанесе бик во арената во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на вчерашната традиционална борба со бикови во арената „Aire Sur L'Adour“ бик му нанесе 15 сантиметри длабока рана на матадорот Фандино, оштетувајќи му го црниот дроб и другите витални органи.
Фандино почина во болница, а порака за сочувство испратија голем број матадори, како и владата на Шпанија и кралското семејство.
Во изминатите 12 години професионална кариера, Фандино учествуваше на традиционалните корида низ Шпанија и во странство, и стана 36-матадор кој почина во арена во последните два века.