Şenhan Bolelli
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
МАДРИД (АА) - Шпанскиот матадор Виктор Барио (29) почина како последица на повредите кои му ги нанесе бикот за време на борбата во арената, што е дел од шпанската традиција и култура, јавува Anadolu Agency (AA).
Барио доби тешки повреди во текот на борбата која се одржа во Теруел, на истокот од Шпанија.
Иако веднаш на теренот му е укажана медицинска помош, ја изгуби битката со животот.
Барио е првиот усмртен матадор во 21-от век. Последниот матадор кој почина поради повреди беше Рамон Сото Варгас во 1992 година.