Selçuk Acar
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 89 лица се приведени за време на немирите кои избија на синоќешните протести што се случија во сојузната американска држава Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Њујорк и Рочестер синоќа, и покрај обилните дождови, на повеќе локации се собраа неколку илјади демонстранти кои протестираа поради полициското насилство и расизмот во САД.
„Животите на Афроамериканците се важни”, „Не, на полицајците расисти”, „Без правда, нема ниту мир” и „Рацете горе, не пукај”, се некои од транспарентите што ги носеа демонстрантите.
Во текот на протестите во градот Рочестер дојде до судир на демонстрантите и полицијата, при што беа уапсени 74 лица, меѓу кои и двајца афроамерикански новинари кои работат за телевизиската куќа ABC.
И во центарот на Њујорк полицијата приведе најмалку 15 демонстранти.