Sayed Khodaberdi Sadat
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
КАБУЛ (АА) - Во последните 24 часа во провинцијата Нангархар, во Авганистан неутрализиран е 31 припадник на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за одбрана на Авганистан, терористичките акции против ДАЕШ во местото Кот, во Нангархар и понатаму траат.
Во копнените и воздушни акции во последните 24 часа неутрализиран е 31 припадник на ДАЕШ, а ранети се двајца.
Од друга страна, во неколку авганистански провинции во акциите против Талибанците во последните 24 часа неутрализирани се осум Талибанци а запленето е поголемо количество оружје и муниција. Во овие активности, животот го загубија и двајца припадници на безбедносните сили.