Murat Ünlü
18 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Денес во Франција се одржува вториот круг од парламентарните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските граѓани ќе гласаат за кандидатите кои во првиот круг од изборите на 11 јуни во своите региони освоиле над 12,5 отсто од гласовите, а во регионите каде што овој процент не е постигнат, ќе се гласа за двата кандидата кои имаат освоено најмногу гласови.
На парламентарните избори, на територијата на Франција ќе гласаат 46 милиони гласачи, додека во прекуокеанските територии на Франција 1,3 милиони гласачи.
Околу 50.000 припадници на полицијата, жандармеријата како и војската ќе бидат мобилизирани во околу 69.000 гласачки центри во земјата.
Гласачите во малите градови во Франција ќе имаат можност да гласаат до 18:00 часот, во големите градови до 20:00 часот, додека ова време се менува во прекуокенските територии.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи во земјата, коалицијата којашто се состои од движењето "La Republique En Marche!" (РЕМ), на претседателот Емануел Макрон, кое во првиот круг на избори освои 32,32 отсто гласови, и од Демократското движење (МОДЕМ), со освојување 390 до 430 пратенички места има шанси да го формира парламентарно мнозинство.
Според резултатите од првиот круг на избори, бројот на пратениците на коалицијата под водство на централно-десничарската Републиканска партија (ЛР) која освои 21,56 отсто гласови, остана со 85-125 пратенички места, додека колицијата предводена од Социјалистичката партија (ПС), со 9,51 отсто од гласовите може да освои 22-32 пратенички места во Парламентот.
Од друга страна, се очекува партијата Национален фронт (ФН), која во првиот круг освои 13,20 отсто гласови, да биде претставена во Националното Собрание со 5 до 15 пртеници, додека Движењето „Непокорена Франција“ кое во првиот круг освои 11,02 отсто гласови, може да обезбеди од 11 до 21 пратеник.
Во првиот круг од изборите, кои се одржаа на 11 јуни, 51 отсто од гласачите не излегоа на гласање.
На денешните избори битка водат вкупно 1.146 кандидати.