Ayşe Aktaş
18 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
МАДРИД (АА) - Бројот на загинати во шумскиот пожар во близина на португалскиот град Педроган-Гранди се искачи на 57 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Хорхе Гомез, државен секретар во португалското Министерство за внатрешни работи, во изјава за локалните медиуми соопшти дека 57 лица загинале во шумскиот пожар.
Истакнувајќи дека 30 од загинатите биле пронајдени во нивните возила, додека другите 17 во близина на возилата, Гомес информираше дека 18 лица од 59 ранети се хоспитализирани, додека состојбата на петмина повредени е тешка.
Според соопштеното, Шпанија и Франција испратиле противпожарни авиони во Португалија.
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Крстос Стилианидес, во писмена изјава истакна дека ЕУ ги активира напорите за помош во врска со шумскиот пожар во Португалија.
Стилианидес изрази сочуство до семејствата на загинатите, и пренесе дека ЕУ е подготвена да помагне, и дека по барање на Португалија испратени се противпожарни авиони од Шпанија и од Франција.
„Се соочуваме со најголемата човечка трагедија во последните години. Нашиот приоритет е да ги изгаснеме пожарите и да им помогнеме на загрозените семејства. Сите пожарникарски екипи во земјата учествуваат во гасењето на пожарите, за што се дава и воздушна поддршка со хеликоптери и со авиони“, истакна португалскиот премиер, Антонио Коста.
Од друга страна, португалскиот претседател Марсело Ребело де Соза, пред да тргне кон местото на пожарот изјави дека нема некој технички недостиг или пак неспособност во однос на оваа катастрофа.
Шпанскиот премиер, Мариано Рахој, во објава на Твитер ja изрази својата загриженост поради пожарот.
Според соопштеното, шумскиот пожар, кој се прошири за кратко време поради високите температури и ветерот, се приближи до населеното подрачје.
Над 1.500 пожарникари се мобилизирани за гаснење на шумските пожари. Во последните 24 часа избувнаа пожари на вкупно 156 локации во земјата.