Mahmut Atanur
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 30 лица го загубија својот живот во пожарот кој избувна во фабрика за запалки во индонезискиот остров Суматра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, властите во овој регион соопштиле дека пожарот избувнал во фабрика за запалки, која се наоѓа во селото Самбиреџо во Северна Суматра, при што смртно настрадале најмалку 30 лица.
Се вели дека пред пожарот се слушнала експлозија во фабриката, и дека меѓу загинатите има и четири деца.
Властите истакнаа дека моментално нема спасени во фабриката, и дека се води операција за извлекување на безживотните тела.
Започната е истрага за случајот.