İslam Doğru
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ЊУЈОРК (АА) - За најмалку 72 полициски службеници во американскиот град Филаделфија е започната истрага поради споделување расистички и антимуслимански содржини на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата во Филаделфија, Ричард Рос, потврди дека на полицајците за кои е започната истрага им било одземено оружјето и дека моментално извршуваат административни работи.
Рос додаде дека е утврдено оти споменатите полицајци на социјалните мрежи споделиле дури 3.100 спорни постови.
„Содржините кои предизвикаа разочарување и незадоволство со сигурност ќе остават голема трага на односот на полицијата и општеството“, изјави Рос и додаде: „Ваквите содржини навистина ме лутат, поради фактот дека уште повеќе ќе ни ја отежнат и онака тешката работа“.
Рос додаде дека очекува оти некои од полицајците ќе добијат дисциплински казни, додека останатите ќе бидат суспендирани од служба.
Нагласено е дека содржините објавени на социјалните мрежи беа расистички, антимуслимански, промовираа расистички стереотипи, се идентификуваа со десничарските милитантски групи и ја величеа полициската бруталност.