Lokman İlhan
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - Најмалку три лица загинаа во експлозија во трговски центар во Богота, главниот град на Колумбија, која се случи во вечерните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Богота, Енрике Пеналоса, по посетата на местото на експлозијата изјави дека станува збор за бомбашки напад во кои се повредени девет лица.
Локалните медиуми објавија дека експлозијата се случила во област каде што се наоѓаат женски тоалети и да биде меѓу загинатите жени се наоѓа и Французинка.
Преземени се високи безбедносни мерки, а истрагата е во тек.
По тврдењата дека нападот е извршен од страна на оружената група Армија за национално ослободување (ELN), преговарачката делегација на групата го осуди нападот и наведе дека групата не е одговорна за нападот.