Michael Hernandez
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ВАШИНГТОН (АA) - Администрацијата на Трамп денес ја стави Иранската исламска револуционерна гарда на листата на странски терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој потег e прв од таков вид војска на една држава да биде ставена на црната листа како терористичко тело, иако делови од Гардата претходно беа окарактеризирани како такви, поточно нејзиното елитно крило за надворешни операции, единиците Кудс.
Американскиот претседател Доналд Трамп одамна ја разгледуваше можноста за ставање на листата, но процесот за ставање на Силите на Кудс се развлече во изминатите неколку месеци, додека неговата администрација се обидува да го зголеми притисокот врз Техеран.
Трамп истакна дека ставањето на листата „ја одразува реалноста дека Иран не е само државен спонзор на тероризмот, туку дека Иранската исламска револуционерна гарда активно учествува, финансира и го промовира тероризмот како алатка на државата.“
„Според тоа, кристално се јасни ризиците за работа или обезбедување на поддршка за Иранската револуционерна гарда. Ако работите со неа, ќе го финансирате тероризмот“, истакна Трамп.
Поради тоа, Министерството за надворешни работи на Иран испрати дипломатска нота до Соединетите Американски Држави (САД).
Иранските медиуми пишуваат дека портпаролот на иранската Комисија за надворешна политика, Али Наџафи Хошурди, истакнал дека на денешниот состанок на комисијата присуствувал и шефот на иранската дипломатија Мухамад Џавад Зариф.
Како што истакнува Хошурди, Зариф соопштил дека до Канцеларијата за заштита на интересите на САД во швајцарската амбасада во Техеран била упатена нота поради ставањето на Иранската национална гарда на листата терористички организации.
Хошурди рече дека Зариф го окарактеризирал вклучувањето на Гардата на листата на терористички организации како опасен потег, и дека Иран ќе ги преземе неопходните мерки.