Ekipa
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АНКАРА / МОСКВА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција и Русија сакаат да ги елиминираат терористите од Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, близу турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Анкара никогаш нема да дозволи (присуство на) елементи кои претставуваат закана за Турција, и за сирискиот територијален интегритет“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега, Владимир Путин, во Кремљ.
Ердоган нагласи дека Анкара продолжува со преземањето мерки во Идлиб, Сирија бидејќи тоа е сензитивно прашање за Турција.
Турскиот претседател истакна дека Идлиб мора целосно да биде исчистен од тероризмот за да можат луѓето безбедно да се вратат во своите домови.
Тој нагласи дека двете земји се одлучни во елиминирањето на терористичките закани во близина на турската граница, додавајќи дека терористичките групи ПКК, ЈПГ претставуваат закана исто како ДЕАШ.
„Терористичките групи ПКК, ЈПГ претставуваат закана исто како ДЕАШ“, рече тој.
Од друга страна, рускиот претседател Путин, истакна дека турско-руските заложби во Идлиб конечно ќе доведат до елиминирање на терористичката закана таму.
Путин истакна дека проблемот со Идлиб, Сирија е итен, и додаде дека ќе биде формиран руско-турски мониторинг центар.
- Посилни трговски односи -
Путин разговорите во Москва ги опиша како многу успешни, и рече дека тие помагаат во поттикнување на развојот на односите меѓу двете земји.
Рускиот претседател укажа на зајакнувањето на соработката меѓу двете земји, и додаде дека руско-турскиот инвестициски фонд, формиран во текот на денешниот ден, ќе привлече инвестиции во вредност од најмалку 5 милијарди долари.
Тој рече дека Русија прави сè што е можно да обезбеди економска независност за двете земји, вклучувајќи ја и трговијата со Турција во национални валути.
„Покрај сите потешкотии, со Турција реализираме мошне плодна соработка во областа на економијата и регионалната безбедност“, нагласи Путин.
Тој соработката меѓу двете земји од областа на енергетиката ја опиша како стратешка, и вети дека ќе се заврши изградбата на нуклеарната централа Аккују во Турција до 2023 година.
Истакнувајќи дека гасоводот „Турски тек“, чија изградба е во тек, ќе овозможи Турција да стане транзитна земја за доставување на рускиот природен гас во Европа.
Путин рече дека со неговиот турски колега Ердоган, разговарале за испораката на одбранбениот систем S-400 и купувањето на другo оружјe, и дека Русија и Турција ќе ја зголемат соработката во вооружувањето.
Како друг поттик во трговијата, Путин истакна дека визниот режим за турските возачи на камиони во блиска иднина ќе се укине.
Меѓу другото, турскиот претседател Ердоган истакна дека Анкара и Москва се подготвени да ги унапредат уште повеќе нивните односи, и дека следниот состанок на Високиот совет за соработка помеѓу Турција и Русија, ќе се одржи во Турција.