Muhammet Kurşun
08 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Врховниот совет за национална безбедност на Иран ја стави американската Централна команда (CENTCOM) на листата на терористички организации, како одговор на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за Иранската револуционерна гарда, јавува Anadolu Agency (AA).
САД претходно Иранската револуционерна гарда ја стави на листата терористички организации, на што реагираше Техеран.
Во соопштението на Советот за национална безбедност на Иран се навдува дека американската Централна команда (CENTCOM) и силите поврзани со неа се ставни на листата на терористички организации.
„Оваа непромислена одлука претставува опасност за регионалната и универзалната безбедност и мирот. Освен тоа, таа е спротивна на меѓународното право и резолуциите на ОН. Иранската исламска револуционерна гарда заедно со своите сојузници во регионот се бореше против Ал-Каеда, ДЕАШ, Нусра и другите терористички организации“, се вели во соопштението.
Вашингтон досега голем број луѓе и организации поврзани со Иранската револуционерна гарда ги има ставено на листата на терористи, но досега нема донесено одлука што се однесува на цела војска.