Ayşe Aktaş
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, изјави дека воените решенија се подготвени доколку Северна Кореја постапи непромислено, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Доколу Северна Кореја повлече непромислен потег, воените решенија се целосно подготвени, насочени и наполнети. Се надевам дека Ким Јонг-ун ќе пронајде друг начин“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер).
Отворените закани меѓу Пјонгјанг и Вашингтон траат со недели. Северна Кореја се закани дека ќе им одржи сериозна лекција на САД, а претходно претседателот Доналд Трамп порача дека Северна Кореја ќе се соочи со оган и бес какви што светот нема видено.
Последната во низата закани од Северна Кореја беше најавата за напад на островот Гуам, каде што се наоѓа и американската воена база.