Палестински активист ја тужи администрацијата на Трамп поради произраелските групи поврзани со неговото апсење
„Со месеци сомнителни организации и поединци спроведуваа кампања за клевета и вознемирување со цел да ме заплашат и замолчат“
ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинскиот активист Махмуд Халил, кој беше приведен од агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во март и задржан повеќе од 100 дена и покрај тоа што законски има постојано жителство, ја тужи администрацијата на Трамп затоа што одби да објави записи од своите комуникации со сомнителни произраелски организации и поединци, објави медиумот Зетео, пренесува Анадолу.
„Со месеци сомнителни организации и поединци спроведуваа кампања за клевета и вознемирување со цел да ме заплашат и замолчат“, изјави Халил за Зетео. „Јавноста заслужува целосна одговорност за секој лош актер што помогна да се овозможи тоа, вклучително и оние од универзитетот 'Колумбија' што ги измислија и интензивираа овие клевети и ја отворија вратата за одмазда на државата против палестинскиот говор.“
Халил, дипломиран на универзитетот „Колумбија“, законски е постојан жител и во брак со државјанка на САД. Тој беше приведен во март без налог од страна на службениците за имиграција во Њујорк и пренесен во притворен центар во Луизијана, каде што беше задржан со месеци.
Тој беше првиот од неколкутемина странски студенти што беа цел на администрацијата на Трамп поради критикувањето на Израел и изразувањето поддршка за Палестина.
Во јули, судската постапка откри дека ICE се потпирала на информации од „Канари Мишн“ и „Бетар“ - две произраелски и антипалестински групи - за да генерира трага за студенти, меѓу кои и Халил.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
