Ekipa
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Судот во јужна Германија осуди тројца сириски државјани поради смртта на 13 мигранти на грчкиот брег, во септември 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството обвини тројца мажи за професионален шверц на луѓе кој довел до смртни случаи.
Судот во Траунштајн денес го осуди 27-годишниот главен обвинет на четири години затвор за набавка на чамци за транспорт на сириски бегалци, од Турција, на грчкиот остров Лезбос.
Чамецот удри во товарен брод во близина на грчкиот брег, при што загинаа 13 лица, додека две деца уште се водат за исчезнати.
Судиите го осудија мажот кој го управуваше чамецот на две години затвор, а третиот обвинет, кој беше врска меѓу шверцерите и бегалските семејства, осуден е на две години условна казна.
Сите тројца обвинети Сиријци дојдоа во Германија како бегалци.