Barry Ellsworth
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
ТРЕНТОН (АА) - Најмалку еден канадски дипломат во Куба, исто така, доживеа губење на слухот и главоболки поради, како што ги нарече американската влада, тајни звучни уреди, објавија канадските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштението на Департментот за дипломатски и конзуларни односи на Канада доаѓа откако американскиот Стејт департмент претходно оваа недела протера двајца кубански дипломати од Вашингтон, откако официјалните претставници на САД во Хавана пријавија симптоми на губење на слухот. Американците веруваат дека тоа е резултат на еден вид ултра-звучни бранови.
Семејството на канадскиот дипломат, исто така, доживеа губење на слухот и доби третман, се истакнува во соопштението.
„Свесни сме за невообичаените симптоми кои ги има канадскиот и американскиот дипломатски персонал и нивните семејства во Хавана“, изјави Брајан Максвел, советник за дигитални комуникации во канадскиот департмент, за канадските медиуми. „Владата активно работи, вклучувајќи ги и американските и кубанските власти, за да ја утврди причината“.
Таа додаде дека официјалните лица не сметаат дека туристите ќе бидат изложени на ризик.
„Досега немаме причина да веруваме дека канадските туристи и други посетители би можеле да бидат зафатени“, рече Максвел.
Американските медиуми објавија дека истрагата на САД заклучила оти дипломатите биле изложени на уред кој емитувал звук кој не е познат за човечкото уво.
Преку соопштение, кубанското Министерство за надворешни работи ја негираше одговорноста за напад врз Канаѓаните и Американците.
„Министерството категорично истакнува дека Куба никогаш не дозволила, ниту пак ќе дозволи кубанската територија да се користи за какви било дејствија против акредитираните дипломати или нивните семејства, без исклучок“, се вели во соопштението.
Министерството истакна дека Куба ќе започне „сеопфатна, приоритетна и итна истрага“.
Канадските официјални лица изјавија дека нема да се преземат одредени мерки за возврат бидејќи истрагата е во тек и не постои доказ дека Куба стои зад инцидентите.