Dejan Maksimoviç
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Британскиот рок бенд Ролинг Стоунс вчера попладне пристигна во Хавана, каде вечерва ќе го одржи својот прв историски концерт во Куба. По пристигнувањето на островот Мик Џегер упати честитки на шпански јазик а потоа додаде дека бендот е среќен што пристигнал во Куба и дека се подготвени за голема забава, јавува Anadolu Agency (AA).
Концертот, кој е бесплатен, ќе се одржи три дена по официјалната посета на американскиот претседател Барак Обама на Куба. Приватниот авион на бендот слета на аеродромот Хозе Марти, а покрај четирите рокери на островот дојдoa и шеесетина технички работници и членови на семејствата.
„ Имаме настапено на многу посебни места за време на нашата долга кариера, но овој концерт во Хавана е пресвртница за нас, а се надевам и за сите наши пријатели во Куба”, соопшти групата пред доаѓањето во Хавана.
Во екот на кубанската револуција од шеесеттите и осумдесеттите години на минатиот век се сметало дека странските бендови како Ролинг Стоунс имаат лошо влијание врз општеството, а нивната музика беше забранета на радио станиците. Сепак, Кубанците нивната музика ја слушаа во тајност, пренесувајќи ги албумите од еден на друг.