Muhammed Bilal Kenasari
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето на емигрантите на кубанско-американско потекло во Мајами им порача дека го поништил процесот на нормализација на односите кој го започнал неговиот претходник Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го откажувам потполно едностраниот договор на претходната администрација со Куба", рече Трамп, додавајќи дека ќе ги разоткрие, како што рече, злосторствата на режимот на Кастро.
Напомена дека договорот на администрацијата на Обама со режимот на Кастро, како што рече, е „погрешен", додавајќи дека ќе „сврти" многу потези на претходната администрација во врска со обновените односи на САД и Куба.
Истакна дека таквиот договор довел до тоа да американските инвестиции и патувања му одговараат, како го нарече, на „репресивниот" режим на Раул Кастро.
Во текот на обраќањето остро го критикуваше комунизмот, напоменувајќи дека на Куба целата заработка од инвестиции и туризмот се троши на војската.
„Режимот зема пари и поседува индустрија. Ние не сакаме американските долари да го поддржуваат воениот монопол кој ги искористува и злоупотребува граѓаните на Куба", рече Трамп.
Нагласи исто така дека ќе воведе построги правила кои се однесуваат на патувања и праќање на пари од САД во Куба.
„Ќе бараме многу подобри решенија за кубанскиот народ и за САД", порача Трамп, додавајќи дека САД сега ќе ги одреди „правилата на игра".
„Сега ние ги држиме картите. Претходната администрација ги намали рестикциите на патувањата и тргувањето, но тоа не му помогна на народот на Куба, само го обогати кубанскиот режим", рече Трамп.
Нагласи дека рестрикциите кон Куба ќе останат на сила се додека кубанската Влада не ги ослободи политичките затвореници, не ја испочитува слободата на изразување и не престане да ги прогонува дисидентите.
Сепак, Трамп нема да ги прекине дипломатските и трговските врски со Куба, ниту ќе ја затвори американската амбасада во Хавана.