Kristina Maslareviç
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
БЕЛГРАД (АА) - Во склоп на проектот на Турскиот културен центар Јунус Емре, дружење на турските писатели со читателите во Србија, Белграѓаните имаа прилика да се запознаат и разговараат со писателката Солмаз Камуран, чии два романи “Kira Ester” и “Mađar” се преведени на српски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за своите импресии од средбата со читателите во Белград, авторката Камуран наведе дека своите читатели воопшто не ги смета како припадници на некоj народ, туку како луѓе кои ги читаат нејзините романи и она што го создава.
"Морам да кажам дека поминавме една одлична вечер во убава топла и пријателска атмосфера. На некој начин само го обновивме тоа наше пријателство", додаде Камуран во разговор со Anadolu Agency.
- За жал насекаде е намалена желбата за читање
Генерално гледајќи дека желбата за читање е секаде намалена и дека во Турција жените читаат повеќе од мажите, Камуран рече дека постои и друга појава на стилот.
“Луѓето сега највеќе читаат книги поврзани со темите како да се стане среќен, како да се ослабее, или некои слични мотивациони романи. Верувам дека во иднина оваа желба за читање се повеќе ке се намалува, но сепак никогаш неможеме да знаеме, можеби пак ќе доживееме некоја ренесанса, па сето тоа ќе се промени”, рече писателката и додаде дека ги смета историските романи до некаде во предност, затоа што во сите краеви луѓето се интересираат за минатото.
-Книжевноста дури го објаснува и човечкиот однос кон самиот себе
Наведувајќи дека книжевноста ги објаснува односите меѓу луѓето, Камуран рече дека луѓето личат и потсеќаат едни на други заедно со нивните стравови, надежи и размислувања, така да тоа претставува еден “идеален начин за поврзување на луѓето”.
“Сите луѓе кои сакаат да се поврзат, најдобар пат би бил дa поминат преку мостот на книжевноста. Јас сум писател кој ја претставува својата приказна, и кога луѓето го читаат она што го пишувам ,можат во огледало да се видат самите себе. Можат да препознаат некои работи кои и тие ги прават, а притоа да не бидат свесни за тоа” , додаде Солмаз Камуран.