Alma Çekovic
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
ХАВАНА (AA) - Американскиот претседател Барак Обама по доаѓањето во Куба изјави дека се работи за "историска посета и прилика", јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на САД при посетата на Амбасадата на САД во Хавана ги поздрави вработените во амбасада за кои искажа пофалби, истакнуваќи дека "секојденвно ги приближуваат САД и Куба" .
"Ова е историска посета и прилика. Сјајно е да се биде овде", истакна Барак Обама, претседателот на САД обраќајќи им се на вработените во Амбасадата која е повторно отворена во август минатата година во Хавана.
"Претседателот Колиџ 1928 година дојде со воен брод, а да дојде овде му требаше три дена. Мене ми требаа само три часа" , рече првиот американски лидер кој ја посети Куба во последните 88 години.
Обама, после тоа во придружба на сопругата Мишел и двете ќерки прошета низ стариор дел во Хавана. Американскиот претседател Обама допатува во историската посета на Куба, отвараќји ново поглавје во односите на двете земји после повеќедеценискиот анимозитет.
Американскиот претседател денес ќе одржи состанок со кубанскиот претседател Раул Кастро и ќе присустува на настанот на американските и кубанските претприемачи.
Посетата на Обама во Куба доаѓа како продолжение на процесот на нормализација на билатералните односи кои неговата администрација со властите на Куба ја започнаа во декември 2014 година. Целта на денешната посета е унапредување на билатералата која беше блокирана повеќе од пет децении поради кубанското сојузништво со поранешниот Советски сојуз во текот на периодот на Студената војна.