свет

Путин: „Предлогот на САД може да послужи како основа за решавање на конфликтот во Украина“

- Рускиот претседател тврди дека Москва покажала „флексибилност“ во разговорите на Алјаска, истакнувајќи дека Москва е „задоволна“ од актуелните придобивки на фронтот

Alperen Aktaş  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
Путин: „Предлогот на САД може да послужи како основа за решавање на конфликтот во Украина“

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ревидираниот предлог од 28 точки што го изготвија Соединетите Американски Држави „може да се искористи како основа“ за решавање на украинската војна, и додаде дека Москва останува отворена за преговори и воедно е „задоволна“ од актуелните придобивки на фронтот, известува Анадолу.

Зборувајќи на состанокот на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека американскиот документ - ажуриран по неодамнешниот самит на Алјаска - содржи елементи за кои Русија е подготвена да разговара.

„Верувам дека може да се искористи како основа за конечно мирно решение“, рече тој, осврнувајќи се на предлогот на САД, а беше цитиран од државната новинска агенција ТАСС.

Путин тврди дека Москва веќе сигнализирала подготвеност да ја покаже „флексибилноста што ја бара Вашингтон“ за време на разговорите во Анкориџ, Алјаска, и покрај она што го опиша како нерешени прашања.

„Главната цел на состанокот во Алјаска беше да се потврди дека, и покрај одредени тешки прашања, ние сепак се согласуваме со овие предлози и подготвени сме да ја демонстрираме предложената флексибилност“, рече Путин.

Во исто време, Путин потврди дека Русија е задоволна со развојот на настаните на бојното поле, посочувајќи дека одбивањето на Киев да се вклучи во разговорите придонесува за понатамошен напредок на руските сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.