Aliia Raimbekova
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
НУРСУЛТАН (АА) – Според првите прелиминарни резултати, актуелниот привремен претседател на Казахстан Касим-Јомарт Токаев уверливо победи на денешните претседателски избори во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Казахстан се одржаа претседателски избори на кои право на глас имаат речиси 12 милиони регистирани гласачи, а во изборната трка учествуваа вкупно седум претседателски кандидати.
Станува збор за предвремени претседателски избори после кои во март оваа година од функцијата отстапи Нурсултан Назарбаев, кој на чело на оваа држава беше 28 години.
Гласачките места во Казахстан се затворени во 20 часот по локалн овреме,а излезноста на изборите беше нешто над 77 отсто.
Челникот на Институтот Јавно мнение Ајнур Мајитова ги соопшти резултатите проектирани врз база на излезните анкети кои се направени на примерок од 13.200 гласачи од 325 гласачки места.
Според резултатите, актуелниот привремен претседател Токаев победи со 70,13 отсто гласови.
На второ место беше Амирјан Мосанов од партијата Судбина на народот кој доби 15,39 отсто од гласовите. Единствена кандидатка Данија Јеспајева доби 5,82 отсто од гласовите.
Кандидатот на Комунистичката партија Џамбил Ахметбеков доби 3,86 отсто, а преостанатите тројца кандидати добија по помалку од три отсто од гласовите.