Hakan Çopur
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ВАШИНГТОН
Американската администрација ги повика сите страни на умереност, во однос на политичката криза што се појави веднаш по формирањето на коалиционата влада во Молдавија, и да ги почитуваат резултатите од изборите на 24 февруари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, даде писмена изјава во однос на политичката криза во Молдавија.
„САД ги повикуваат сите партии во Молдавија да бидат умерени и преку политички дијалог да продолжат со процесот. Парламентарните избори на 24 февруари беа одржани во услови на конкуренција и со почитување на основните права. Треба да се почитува волјата на народот на Молдавија на овие избори“, се нагласува во соопштението.
Таа, исто така, додаде дека САД ќе ја продолжат својата поддршка за просперитетна и демократска Молдавија.
- Политичка криза во Молдавија
Политичката криза во Молдавија започна веднаш откако проруската Социјалистичка партија и прозападниот правен блок „NOW Platform DA and PAS“ позната како ACUM формираа коалициска Влада.
Откако коалициската Влада положи заклетва во Парламентот, Уставниот суд донесе одлука дека Владата не е „законска“. Судот, го разреши досегашниот претседател Игор Додон, и за спроведување предвремени избори, на негово место го назначи премиерот на поранешната Влада, Павел Филип, од Демократската партија.