Ekipa
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
КАРТУМ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во главниот град на Судан во последните два дена, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency (AA).
Сулејман Абдул Габар, потсекретар на Министерството за здравство, за АА го потврди бројот на загинати и додаде дека напаѓачите користеле ножеви и друго лесно оружје.
„Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на гласините и да ја задржат довербата во властите кои прават сѐ за стабилноста и безбедноста во главниот град Картум“, додаде тој.
Суданските демонстранти денеска започнаа национална кампања на граѓанска непослушност, како дел од притисоците врз владејачкиот Воен совет за предавање на власта во цивилна управа.
Штрајкот доведе до затворање на јавните и приватните претпријатија, а улиците низ главниот град останаа празни.
Стотици луѓе се блокирани на Меѓународниот аеродром во Картум, бидејќи вработените во цивилното воздухопловство се приклучија кон штрајкот.