09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ВАРШАВА
Во верижен судар во кој учествуваа шест автомобили и камион на автопатот во западниот дел на Полска, починаа 6 лица, а 11 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи на автопатот во близина на полскиот град Шчеќин, недалку од границата со Германија.
Полскиот приватен ТВ-канал TVN24 објави снимки од пожарот и густиот чад кој се издига над местото на несреќата.
Портпаролот на локалната противпожарна бригада, Томас Кубиак, за TVN24 изјави дека пожарникарите, гаснејќи го пожарот, пронашле 6 жртви.
Паулина Таргашевска, портпаролката на Итната служба, изјави дека четворица од повредените се префрлени во болница. Една жена со повреди на градите, главата и ’рбетот е евакуирана со хеликоптер.