Mahmut Atanur
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Во вулканот Синабунг, на индонезискиот остров Суматра, одекна експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти дека пепелот и чадот кои ги исфрла вулканот достигнувале височина и до 7.000 метри.
Локалните претставници го повикаа населението кое живее во близина на вулканот да користи заштитни маски како мерка за превенција од пепелниот дожд и да ги прекине активностите во појасот, во ширина помеѓу три и пет километри околу вулканот.