Associated Press
09 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
КИШИЊЕВ (АА) - Уставниот суд на Молдавија како нелегално го оцени вчерашното формирање на Владата на таа земја и од функцијата го разреши претседателот на државата, Игор Додон, јавува Anadolu Agency (AA).
Молдавија е земја во која владее голема политичка криза, а вчера во Парламентот на таа земја свечена заклетва положи новата Влада, составена од коалиција на проруски социјалисти и проевропски демократи.
Меѓутоа, Уставниот суд на Молдавија денеска соопшти дека новата Влада не е формирана легално, бидејќи за еден ден е пречекорен временскиот рок од 90 дена од парламентарните избори.
Судот го разреши од должност претседателот на Молдавија, Додон, и неговите обврски ги пренесе на Павел Филип, поранешниот премиер и еден од лидерите на Демократската партија.
Привремениот претседател Филип веќе потпиша документ за распишување на предвремени парламентарни избори на 6 септември.
Од друга страна, разрешениот Додон ја отфрли пресудата на Судот и ја обвини Демократската партија за злоупотреба на институциите, сѐ со цел да не ја предаде власта на коалицијата која има мнозинство во молдавскиот Парламент.