Muhammet Tarhan
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ќе обезбеди по два топли оброка дневно на приближно 20.000 луѓе кои останаа без своите домови во пожарот во кампот во Кокс Базар, Бангладеш, каде што престојуваат аракански муслимански бегалци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од ТИКА, агенцијата за кратко време ја активира народната кујна во регионот и заедно со Светската програма за храна (WFP), ќе обезбеди по два топли оброка дневно на скоро 20.000 бегалци.
Се проценува дека испораката на топла храна од страна на властите во Бангладеш ќе трае околу 15 дена.
Во овој период, ТИКА ќе продолжи да работи по 24 часа дневно за дистрибуција на храна на бегалците од Аракан погодени од пожарот.
Претставникот на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Бангладеш, Јоханес ван дер Клаув, рече дека не може да се стигне до 400-те лица по пожарот кој избувна во кампот „Балукхали“ во Кокс Базар на 23 март.
Кјав Вин, извршниот директор на Мрежата за човекови права во Бурма (BHRN), во изјавата за АА рече дека при пожарот во кампот биле уништени приближно 15.000 засолништа, најмалку 28 лица загинале, а повеќе од 40 лица се повредени.