Gökhan Kavak
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ги обучува експертите од Институтот за технологии на води во Етиопија во врска со користењето на изворите на вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на ТИКА во Адис Абеба, Фазил Акин Ердоган, за АА изјави дека особено внимание им даваат на образовните програми во кои се споделува искуството.
Тој соопшти дека во Турција претстојува 10-член тим од Институтот за технологии на води во Етиопија, предоден од генералниот директор на институтот, Зенебе Гаредев Боку.
Претставниците на институтот од Етиопија, при својот престој во Турција ќе имаат можност да ги посетат браните во Кастамону, Самсун, Орду, Артвин, Синоп и во Бартин.
Координаторот Ердоган изјави дека турските експерти за вода ќе имаат можност да им дадат практична обука на своите колеги од Етиопија, кои ќе учествуваат и на 4. Меѓународен форум за вода што ќе се одржи на 10 и 11 мај во Истанбул.