Bahtiyar Abdukerimov
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
ТАШКЕНТ (АА) - Во Таџикистан се случи земјотрес со интензитет од 6 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Институтот за геофизика на Таџикистан соопшти дека во 10.09 по локално време се случил земјотрес со интензитет од 6 степени, во планинскиот предел Лјахш, кој се наоѓа на оддалеченост од 265 километри североисточно од главниот град Душанбе.
Во земјотресот, кој е почувствуван и во соседните земји Узбекистан и Киргистан, нема човечки жртви.
Во последните два дена во подрачјето на Лјахш се случија два земјотреса со интензитет од 5 степени, при што е причинета материјална штета на две куќи во селото Саргој.