Cemil Murat Budak,Serdar Açıl
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
АНКАРА
Терористката на ПКК, Сонај Бакар која призна дека добила наредба за атентат врз двајцата турски министри Хулуси Акар и Сулејман Сојлу, е осудена на доживотен затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред 25. казнен суд во Анкара денес е одржано завршното рочиште во процесот против Сонај и уште двајца обвинети. Сонај на рочиштето се појави преку видеоконференција од затворската единица, додека останатите двајца обвинети Сулејман А. и Левент О., кои се бранеа на слобода, на рочиштето ги претставуваа нивните адвокати.
Обвинетата Бакар е прогласена виновна за кривичното дело „кршење на единството и заедништвото на државата“, за кое и е изречено доживотна казна затвор. Судот ја ослободи од обвинението за кривичното дело „фалсификување на службени документи“.
Останатите двајца обвинети во случајот се ослободени.
Сонај Бакар, припадничка на сепаратистичката терористичка организација ПКК, се предаде на турската полиција и тогаш призна дека од т.н. висок раководител на организација ПКК добила наредба за извршување на атентат врз министерот за одбрана Хулуси Акар и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.