свет, Коронавирус

ЕУ во 2021 година ќе купи дополнителни 150 милиони дози вакцини од „Модерна"

„Европската комисија го одобри вториот договор со „Модерна" за купување дополнителни 300 милиони дози вакцини против Ковид-19“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на прес-конференција во Брисел.

Ata Ufuk Şeker  | 17.02.2021 - Обновена : 17.02.2021
ЕУ во 2021 година ќе купи дополнителни 150 милиони дози вакцини од „Модерна"

БРИСЕЛ

Европската унија (ЕУ) постигна договор со цел купување дополнителни 150 милиони дози вакцини против Ковид-19 развиени од страна на „Модерна", јавува Агенција Анадолија (АА).

„Европската комисија го одобри вториот договор со „Модерна" за купување дополнителни 300 милиони дози вакцини против Ковид-19“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на прес-конференција во Брисел.

Во соопштението на Европската комисија во врска со оваа тема се наведува дека 150 милиони од вкупно 300 милиони дози се опционални, додека останатите 150 милиони дози ќе бидат достапни за земјите членки на ЕУ во 2021 година.

ЕУ претходно постигна договор со Модерна за купување на 160 милиони дози вакцини.

Моментално во земјите членки на ЕУ се применуваат вакцините само на компаниите „Бајонтек", „Модерна" и „АстраЗенека".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın