свет

Терористички напад во Сомалија: Повредени 6 турски и 9 сомалиски државјани

„Состојбата на двајца наши државјани е тешка, хируршките операции продолжуваат. Исто така, четворица од вкупно 9 повредени сомалиски државјани се наоѓаат во тешка состојба", истакна Коџа во соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер

Yeşim Sert Karaaslan  | 18.01.2020 - Обновена : 19.01.2020
Терористички напад во Сомалија: Повредени 6 турски и 9 сомалиски државјани

АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во терористичкиот напад во Сомалија биле повредени шест турски и 9 сомалиски државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот министер за здравство информираше дека во терористичкиот напад во Сомалија повредени се вкупно 15 лица, од кои 6 турски и 9 сомалиски државјани.

Според него, повредените лица се лекуваат во болницата „Реџеп Таип Ердоган“ во Могадишу.

„Состојбата на двајца наши државјани е тешка, хируршките операции продолжуваат. Исто така, четворица од вкупно 9 повредени сомалиски државјани се наоѓаат во тешка состојба. Во контакт сме со нашата амбасада, нашиот авион за брза помош е подготвен во секој момент да тргне доколку има потреба. Го осудуваме овој предавнички напад, а на повредените им посакуваме брзо заздравување“, истакна Коџа во соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер.

- Министерството за надворешни работи на Турција го осуди терористичкиот напад во Сомалија

Министерството за надворешни работи на Република Турција го осуди бомбашкиот напад во Сомалија во кој се ранети и шест турски државјани.

„Го осудуваме терористичкиот напад што денес е изведен со автомобил бомба во Афгоје, а во кој се ранети голем број луѓе, меѓу нив и шест турски државјани“, се наведува во соопштението на Министерството.

„Уште еднаш порачувам дека сме со пријателската и братската сомалиска Влада и сомалискиот народ“, се наведува во соопштението.

Порачано е дека Турција решително ќе продолжи да ѝ пружа поддршка на Сомалија што поскоро да биде воспоставен мирот и безбедноста и да дојде до развој на земјата.

„Нашата Амбасада во Могадишу внимателно ја следи состојбата на ранетите турски државјани“, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.