Ömer Koparan
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЏАРАБУЛУС (АА) - Седум лица се повредени од експлозија на бомба поставена на мотоцикл во сириски Џарабулус, кој беше ослободен од терористите преку турската операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористичкиот напад со мотоцикл извршен е на фреквентна улица во центарот на округот Џарабулус.
Според првичните проценки, во терористичкиот напад ранети се 7 лица, кои се префрлени на лекување во болниците во Џарабулус.
Експлозијата предизвика материјална штета во околината.
Безбедносните сили сметаат дека голема е веројатноста нападот да е извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
ЈПГ/ПКК, која ја продолжува својата окупација на регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички напади насочени кон регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.