Cüneyt Karadağ
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, истакна дека не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел, во својот говор во рамките на Претседателството на ЕУ, истакна дека од самитот на ЕУ во октомври има многу потешкотии и пречки во односите со Турција.
„За жал, не е постигнат посакуваниот напредок во односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција“, нагласи Меркел.
Наведувајќи дека прашањето за Турција ќе биде на агендата на самитот на ЕУ, што ќе се одржи во декември, Меркел рече дека ги очекуваат резултатите од дискусиите.
Меркел, исто така, посочи дека треба да се бараат нови можности во борбата против коронавирусот (Ковид-19).
„Ние со години ќе ги чувствуваме економските последици од епидемијата“, заклучи германската канцеларка.