Islam Uddin
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
АНКАРА
Кина денес воспостави санкции кон четворица службеници на невладини организации на Соединетите Американски Држави (САД) поради мешање во работите на Хонгконг, како одговор на санкциите на Вашингтон врз кинеските официјални претставници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лицата врз кои се воведени санкции се Џон Кнаус, виш директор за Азија на Националниот фонд за демократија, Манприт Синг Ананд од Институтот за национална демократија, Кристал Росарио, директор на Канцеларијата на Националниот демократски институт, и Келвин Сит Так-О, проект-менаџер во Канцеларијата, јави „Глобал тајмс“.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, изјави дека овие лица не се добредојдени во Кина и дека ќе им биде забранет влез во земјата, и во специјалните административни региони Хонгконг и Макао.
Соопштувајќи ја одлуката, Хуа рече дека работите на Хонгконг се „чисто внатрешни работи на Кина“ и дека Вашингтон треба веднаш да престане да се меша во работите на Хонгконг и Кина и „да престане да оди по погрешниот пат“.