Ruslan Rehimov
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија влезе во Лачин, кој 28 години беше под ерменска окупација, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од азербејџанското Министерство за одбрана се наведува дека азербејџанската војска влегла во Лачин во согласност со Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија.
Лачин, сместен на границата со Ерменија, стана еден од првите цели на ерменските сили во војната во 1990-тите поради стратешкото значење на патниот правец, кој е единствениот пат помеѓу Нагорно-Карабах и Ерменија. Патниот правец е наречен „Коридор Лачин“, а заземен е на 18 мај 1992 година.
Азербејџан ослободи неколку градови и близу 300 населби и села во жестоките судири, а во согласност со договорот, чие спроведување го надгледуваат Турција и Русија, Ерменците ги предаваат и другите територии.
Ерменската војска се повлече од Агдам на 20 ноември, а од Калбаџар на 25 ноември.