Ruslan Rehimov
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
БАКУ (АА) - Војниците на Азербејџан, по 28 години влегоа во Лачин, кој беше под ерменска окупација, и го поставија азербејџанското знаме во центарот на градот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимките споделени од Министерството за одбрана на Азербејџан, се гледа како командантот на војниците што влегоа во градот, пред зградата каде што беше поставено знамето се обраќа до претседателот Илхам Алиев.
„Почитуван врховен командант, знамето на Азербејџан се вее во градот Лачин. Да живее Азербејџан. Да живее врховниот командант. Карабах е Азербејџан“, истакна командантот.
Во операцијата што ја започна азербејџанската Армија на 27 септември, од окупација беа ослободени пет центри на градови, четири града и 286 села. Ерменија го прифати поразот и потпиша договор за евакуација на окупираните региони Агдам, Лачин и Калбаџар.
Ерменската Армија од Агдам се повлече на 20 ноември, а од Калбаџар на 25 ноември. Вчера се повлече и од Лачин.