Ekipa
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Француските граѓани со арапско потекло се посветени на француските секуларни вредности, но сепак чувствуваат дека се исклучени од интеграцијата во општеството во однос на нивното етничко потекло на нивните имиња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анкетата спроведена од дневниот весник „Arab News“ на француски јазик во соработка со интернет компанијата за истражување „YouGov“, во која 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека имаат чувство на исклученост и покрај тоа што нивното потекло и религија немаат влијание на нивната припадност во француското општество.
Скоро 54 отсто од речиси 1.000 испитаници кажале дека се залагаат за секуларизмот, велејќи дека тоа го сметаат за решение на проблемите во нивните арапски земји.
Според резултатите од анкетата, 66 отсто од француските жени со арапско потекло, дел од истражувањето, се чувствуваат повеќе исклучени, додека 52 отсто од мажите велат дека се чувствуваат исклучени поради нивната религија.
Анкетата покажа дека постарите генерации се подобро интегрирани во споредба со младите, кои покажуваат помал ентузијазам кон државните институции.
Околу 58 отсто од испитаниците на возраст од 18 до 24 години се изјаснија дека ги поддржуваат фудбалските тимови од нивните земји на потекло против Франција, а 72 отсто од испитаниците на возраст над 55 години ги поддржуваат француските фудбалски клубови.