Gökhan Ergöçün
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Светскиот туристички сектор ќе ја заврши оваа година со загуби од 3 билиони долари поради пандемијата на Ковид-19, изјави Булут Багџи, раководител на Институтот на светскиот туристички форум, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Загубите се очекува да се намалат за еден билион долари со дистрибуцијата на вакцините и новите туристички регулативи“, изјави тој на Форумот, организиран онлајн, со учество на високи претставници, меѓу кои и Давид Сасоли, челникот на Европскиот парламент.
Тридневниот форум започна во петокот и заврши вчера.
На настанот, на кој зедоа учество 175 говорници од над 30 земји, се придружија и министри од 11 земји, меѓу кои и турскиот министер за млади и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу.
Во 2022 година, светскиот туризам се очекува да ги поврати загубите, па дури и да доживее раст за 25 отсто, во однос на периодот пред пандемијата во 2019 година, истакна Касапоглу.
Тој истакна дека Институтот на светскиот форум за туризам е активен во неколку земји, а од неодамна се фокусира на Кина.
„Следната година, Форумот ќе се организира во Африка, потоа на Блискиот Исток, Пакистан и во САД“, додаде тој.
Сасоли нагласи дека туризмот е најголемиот извор на приход во Европа, кој сочинува 9,5 отсто од БДП на ЕУ, додека 11,2 отсто од вработувањата отпаѓа на туристичкиот сектор.
„ЕУ треба да постави нови правила за туризмот и патувањата врз основа на потребите и барањата“, додаде тој.