Mustafa Melih Ahıshalı
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Али Шамкани, генералниот секретар на Советот за национална безбедност на Иран, изјави дека безбедносните сили во земјата имале разузнавачки податоци дека е можен атентат врз Мохсен Фахризаде, иранскиот научник, дел од нуклеарната програма на земјата, но дека тоа не го сфатиле доволно сериозно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шамкани за иранската државна телевизија изјави дека непријателот последните 20 години се обидувал да го убие Фахризаде.
„Се до овој момент не успеаја. Иранските разузнавачки служби ја предвидуваа можноста за напад врз Фахризаде. За жал, за повторувачките тврдења за можниот атентат на Фахризаде во текот на 20 години, не е покажана потребна сериознот и овој пат беа успешни“.
Тој истакна дека нападот на Фахризаде е извршен сообено со сложен метод, со користење на електронски системи, без присуство на луѓе.
„Постојат одредени траги. Утврдено е кој го планирал нападот и неговото минато. Сигурно организацијата на Народни муџахедини на Иран е вмешана во ова, и дефинитивно зад убиството стои ционистичкиот режим и Мосад“, изјави Шамкани.
Иранскиот научник Мохсен Фахризаде е убиен во петокот, 27 ноември, во терористички напад во Абсерд во Техеран. Иранските официјални претставници за атентатот одговорни го сметаат Израел.