Mahmoud Barakat
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ЕРБИЛ (АА) - Терористичката група ПКК има воспоставено воени бази во покраината Ербил, во северниот ирачки полуавтономен курдски регион, јавува Anadolu Agency (AA).
„ПКК има формирано штабови во кампот Махмур и на планината Карајук“, изјави гувернерот на подрачјето Махмур, Ризгар Мухамед Исмаил за AА.
„Тие ги обучуваат милитантите таму“, истакна тој.
ПКК прво утврди упориште во подрачјето Махмур во 2014 година, под изговорот борба против терористичката организација ДЕАШ.
„ПКК не им дозволуваат на курските безбедносни сили или на Пешмергите да влезат во кампот Махмур, којшто е претворен во воена база“, вели Исмаил.
Тој нагласи дека групата воспоставила осум објекти во кампот за обучување на милитантите.
Исмаил исто така посочи дека бројот на луѓето во кампот Махмур го надминал бројот на локалното население како резултат на неодамнешниот прилив на милитанти.
„Исто така, терористичката група ПКК има поставено контролни пунктови и ископа ровови во блискиот планински регион Карајук, принудувајќи ги локалните фармери да се откажат од своето земјиште“, вели Исмаил.
ПКК во моментот има ставено под контрола околу 600 села во планинското подрачје Кандил и голем број други во близина на ирачката, иранската и турската граница.
Иако силите на Пешмерга го расчистија Синџар од милитантите на ДЕАШ во 2015 година, ПКК во голема мера ја поврати контролата во областа, и не им дозволува на силите на Пешмерга повторно да ја преземат областа.