Ekipa
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АЗАЗ (АА) - Најмалку еден припадник на Сириската национална војска (СНВ) е убиен во судирите со терористичката организација ЈПГ/ПКК во Азаз, во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, под чија окупација е Тел Рифат, синоќа се обидоа да влезат во регионот под контрола на СНВ, поточно да ја преминат линијата на фронтот што ги спојува местата Кефер Кашир, Кефер Келбин, Мараназ, Маре и Маликије.
Припадниците на СНВ ги забележале терористите и отвориле оган. Во судирот што настанал убиен е најмалку еден припадник на СНВ, и спречено е пробивање на терористите.
Освен тоа, Вооружените сили на Република Турција, исто така, со артилерија ги гаѓаа позициите на терористите во околината на Тел Рифат.
Тел Рифат веќе три години е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, кои досега принудно раселија најмалку 250.000 цивили од овој регион. Често доаѓа до напади на подрачјето под контрола на СНВ.